ЖИВИНАРСКА ФАРМА ШТИП

ЖИВИНО ПРОМ ДООЕЛ

КОИ СМЕ НИЕ?

Живинарската фарма опстојува на пазарот уште од 1970 година, каде после повеќе претрпени трансформации, веќе од Март 2013 година до денес е во сопственост  на Кирил Гогов под името Живино-Пром ДООЕЛ и претставува една успешна бизнис приказна.

Фармата се наоѓа во непосредна близина на градот Штип од само 3км, по регионалниот пат во правец Штип-Радовиш.

Распространета е на вкупна површина од 34.000 метри квадратни земјиште каде се распоредени објектите за огледување на несилките, заедно со останатите придружни објекти за потребите на производството.

Нашата филозофија

Живинарската фарма Живино-Пром е олицетворение на посветеност кон одговорни земјоделски практики, благосостојба на живината и производство на свежи јајца со премиум квалитет, користејќи најсовремена технологија и опрема. Нашата филозофија опфаќа:

1. Обезбедување на живината со комфорна средина за живеење, каде ќе можат да опстојуваат во согласност со природата на нивно однесување.

2. Балансирана исхрана составена од високо квалитетни зрна и хранливи материи, обезбедувајќи виталност и здравје на живината.

3. Имплементирање на највисоки стандарди за хигиена и безбедност, гарантирајќи свежина и чистота на нашиот краен продукт – јајце.

Процес на производство

Живино-Пром ДООЕЛ е живинарска фарма која се занимава со производство на свежи, конзумни јајца со врвен квалитет.

Видови несилки

Lohmann Brown – кои несат жолти јајца

Lohmann White – кои несат бели јајца

Технологија и инфраструктура

Засега фармата ја сочинуваат 1 објект во КО село Радање за еднодневни пилиња кои се одгледуваат и чуваат до 16 недели и овој објект има капацитет од 40.000 пилиња во турнус и располага со опрема Big Dutchman Natura Primus 3R. Потоа има 6 активни објекти за одгледување несилки опремени со современа опрема по ЕУ стандарди – Big Dutchman Eurovent1500, со капацитет до 100.000 несилки (кокошки).Останати придружни објекти се: објект за сортирање и пакување на јајца кој располага со комплетно нова машина за пакување и класирање на јајца, Moba Forta GT 60 со капацитет до 21.600 јајца/час, магацин за готов производ (јајца) и амбалажа, како и целосно автоматски млин за производство на сточна храна за сопствени потреби со капацитет од околу 3.5 тони/час.

Одгледувањето на несилките во фармата е т.н. Кафезен систем на одгледување.

Процесот на производство, сортирање и пакување на јајцата е автоматизиран

Самиот технолошки процес опфаќа  неколку фази:

  • Одгледување на пилињата од еднодневни, се до 16 неделни јарки
  • Вселување на 16 неделните јарки во објектите за одгледување несилки каде го започнуваат својот продуктивен век
  • Автоматско регулирање на микроклимата во сите 6 објекти за одгледување на несилките
  • Производство на висококвалитетна сточна храна во сопствен целосно автоматизиран млин, каде преку автоматски ленти храната пристигнува во секој од објектите со живина
  • Автоматска лента за хранење и поење на живината
  • Автоматска манипулација на јајцата во објектите за одгледување
  • Автоматско транспортирање на јајцата од објектите за одгледување до сортирница
  • Сортирање, пакување и експидит на јајцата
  • Празнење на објектите по завршување на турнусот (иселување на живината)
  • Припрема на објектите за ново вселување

Безбедност и квалитет на јајца

Наша примарна цел е добивање високо квалитетен краен производ – јајце.

За безбедноста на јајцата се применува системот за самоконтрола и анализа на опасностите и критичните контролни точки – НАССР при производството и дистрибуцијата на јајцата. Ова гарантира дека јајцата се безбедни за консумација и се со највисок квалитет.

Во тек е имплементација на IFS стандард за добивање на IFS сертификат за квалитет и безбедност на храна, кој е прифатен не само во европските земји туку и во целиот свет. IFS стандардот (International Featured Standards) како глобален стандард обезбедува детална ревизија на процесот и производот во однос на безбедноста и квалитетот на храната.

Нашиот производ е наменет за човечка исхрана за сите групи на потрошувачи со претходна термичка обработка (варење, пржење и сл.), како и за употреба во прехранбената индустрија.

ПРОИЗВОДИ

Бренд: Живино

Големина: Медиум (M)

Тежина по јајце: 53-63 гр.

Класа: А класа

Боја: бели/жолти

Комерцијално пакување: 10ком.

Бренд: Живино

Големина: Медиум (M)

Тежина по јајце: 53-63 гр.

Класа: А класа

Боја: бели/жолти

Комерцијално пакување: 15ком.

Бренд: Живино

Големина: Медиум (M)

Тежина по јајце: 53-63 гр.

Класа: А класа

Боја: бели/жолти

Комерцијално пакување: 15ком.

Бренд: Живино

Големина: Large (L)

Тежина: 63-73g

Класа: А класа

Боја: бели/жолти

Комерцијално пакување: 6ком.

Бренд: Живино

Големина: Large (L)

Тежина: 63-73g

Класа: А класа

Боја: бели/жолти

Комерцијално пакување: 10ком.

Бренд: Живино

Големина: Large (L)

Тежина: 63-73g

Класа: А класа

Боја: бели/жолти

Комерцијално пакување: 15ком.

Бренд: Живино

Големина: Large (L)

Тежина: 63-73g

Класа: А класа

Боја: бели/жолти

Комерцијално пакување: 30ком.

ЖИВИНАРСКА ФАРМА ШТИП

КОНТАКТ